Би можеле да речеме дека Дописникот од странство на некој начин го           навестува филмот Озлогласена: во двата случаи либидиналната „вистина” на филмот           е неразрешената напнатост во интерсубјективниот триаголник меѓу јунакот, неговата           девојка и остарениот, немоќен и „виновен” татковски лик (колаборантскиот татко во           Дописникот, остарениот Claude Rains, пронацистички богаташ во Озлогласена); во двата случаи случувањето го движи некаков изговор, што е самиот сосема безначаен, од каква и да е природа - не е важна природата на таа „тајна”, важно е само тоа дека од клучно значење за субјектите е што ја носи нивната желба, дека околу тоа се структурира случувањето (тајната клаузула на меѓународната спогодба во Дописникот, шишето со уранова руда во Озлогласена). okno.mk | Margina #22 [1995]                                                                 153 
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 22“
              
              (1995)