цар (имн.) - во (предл.)

Отспротива има и такви кои си ги негуваат седите бради, арно ама, тие севезден лелекаат оти само Македонија немала цар во прогонство, севезден прикажуваат за книги што други ги читале и севезден им е подобро отшто на другите им е полошо.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Утрината царот по мене испрати џелат и судија (и отец Стефан со нив беше), оти не верувал царот во чудо, оти слаба му била душата властољубива за да разбере чуда и да поверува дека и невидливото постои, само што не се гледа, оти не мора нешто да се гледа за да постои.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во таа борба победата ја извојувал Антигон II Гонат, кој во македонската престолнина Пела бил крунисан за цар во 277 г.пне.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
„Кога ќе му се вратам утре на гурбетот, попот пак ќе е цар во Кукулино.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Канела” беше сопственост на чичко Славко и тетка Билјана, родителите на Јана, и брат ми безмерно ѝ завидуваше што може кога сака и колку сака да јаде слатки.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За мене Јана беше синоним за „цар во кошарка”, а пак за брат ми беше директна асоцијација на најубавите колачи и торти што тој ги обожаваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И без компјутер сум цар во овој дел од градот! Така ли е, Бојс?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но кој кур ќе ми е компјутер?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И тогај му пошол кај царот во одајата, исповртел со топузот за да го биет и му свикал на лутина: - А бре, што си се курдисал овде ти, ами лели ти си мојот к'смет, бре, што не станиш да работиш, бре, за да ме обогатиш, оти мене очите ми подбелеа за една корка леб!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кој ти е татко и мајка?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му се пулел старио цар во лицето на детето, во зборот што зборуало, во бенката што ја имало на десниот образ и го усетил оти му е внуче, чунки цел целичок на татка си беше се родило, како глаата да беше му ја скинал на татка си.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)