Играа, пееја, со вода од кладенецот, што ја црпеа со лејки, со бардињата што ги понесуваа од дома и кои како и момите беа закитени со маслинови гранчиња, со полски каранфили и црвени рози но и со плодови од цреша, со одмиваа - за здравје, за среќа и за личнота, На пладне се враќаа во населбата на ручек, а во бардињата понесуваа вода, од Кладенец, која не ја пиеја; ги затнуваа бардината и ги чуваа на темно и студено, сè додека не се исушеа гранчињата, цвеќињата и црешите на нив, а тогаш, кога тие ќе се исушеа, пред изгрејсонце, во недела, чупите ја истураа водата на куќните прагови, на портите, пред пондилите и трлата и на крстопати - овој пат за здравје, напредок и личота на домазлакот.
               
             
           
            
            
              „Потковица на смртта и надежта“
               од Миле Неделкоски 
              (1986)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Бевме мали, братчињата, сестричките  и са зима молевме да оздраве мајка  и пролети некаде кога прошета низ дворот  како дечиња се разиграа црешите на гранките  а гласот мајкин светкаше меѓу нив  како некоја заповест од светата книга,  како ѕвезда Давидова.
               
             
           
            
            
              „Љубопис“
               од Анте Поповски 
              (1980)