Ветровите што со тебе ноќевале  излетаа ко црвени пеперуги  Патува сега таа румена шума  таа добра сенка на твојата смиреност  таа ведра чадовина  О ружо на пладнето  дали тоа во нас се населува  нова вртоглавица  Во белиот камен покрај патот  израснува еден румен знак  Твојот цут во каменот се враќа  Дали е тоа предзнак и за нас  што дојдовме многу од далеку  во тихиот предел на спомените.
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)