чета (имн.) - во (предл.)

Толе си дојде во својата чета во Полчишко и се замисли како да дојде до оружје.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Останавме, ете, живи, но желни да тргаме и понатака маки, — одговори Гарванов за сите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кога му стори абер овчарчето во Будимерци дека нападнале и други чети во неговиот „пашалук" тој ги поткани прилепските војводи да го придружат, да видат кои се овие сега што нападнале во Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Камо пушки за парите шо ви и дадоме есеноска со Бешот, бре побратими?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш настанаа и првите оружени судири помеѓу „врховистичките” и „централистичките” чети во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
105. И „врховистот” бугарскиот полковник Анастас Јанков (?-1906) од с.Загоричани, кога во 1902 год. отиде со голема чета во Костурско за да крева „востание”, издаде проглас во кој меѓу другото се вели: „Македонци!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа беше и главната причина за влегувањето на оружените нивни чети во ерата на пописот на „нуфузите” во Македонија, особено кога веќе требаше да се воведат предвидените Мирцштетски реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Била командир на чета во Шпионите и секретар на еден огранок на Младинската лига, пред да ѝ се приклучи на Јуниорската анти-секс лига.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се истакнувам во игрите. Бев командир на чета во Шпионите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Голема- рече Едо. – Ние бевме стокмени за Простение Господово да му застанеме пред црква, да не го пуштаме да влезе и да му ја дадеме дирлата, ама тоа куче Куцомолис ни пушти абер: ако вие го истерате попот, ете ме мене со четата в село и ни пепел од тие колибите ваши нема да остане.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Првите акции биле изведени уште во текот на јуни.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По таа одлука, при крајот на јуни и почетокот на јули 1941, била формирана првата партизанска чета во Разлошко, под раководството на Никола Парапунов.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Беше командант на чета во неговата бригада.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)