чин (имн.) - во (предл.)

Што се однесува до мојата тема театарот, деновиве во дневниот печат прочитав како еден актер им удира врела шлаканица на други двајца чинители на театарскиот чин во нашава Македонија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На моменти беше можно дури, омразата да се префрли со свесен чин во еден или во друг правец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Воен чин во Османското Царство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа беше единствен чин во историјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сердар произлегува од турските зборови ser (глава) и dar (патриот), но неговата глава можела да настрада од султанска сабја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова можеше да биде тешко обвинение, на кое како да чекаа блиските ликови од овој театар на апсурдот со свој последен чин во замрачената балканска крчма.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зашто, со право може да забележи дека опусот на овој автор е значаен чин во македонската литература, иако своите дела тој ги напишал и објавил на англиски јазик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ќе бидете и вие Команчи, па ќе видите што ќе ви направам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Откако ќе нè заробеа, нè врзуваа со јажиња за чкрипавите, осакатени, но сè уште цврсти врати од камионот, секоја нога и рака поодделно (чин во кој победничките Апачи очигледно уживаа!).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тие одлучуваат кој ќе биде избран во марионетскиот парламент, кој ќе се вработи во државната администрација, кој ќе добие унапредување во повисок чин во гардата...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ме потсетува на многуте чинови во кои на мојот народ му се сечат корењата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Отуѓувањето од верскиот, етничкиот и хуман иден­титет стануваше непоходен чин во јаничаризацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се разбира, и нашите двајца генерали поверувале дека би можеле да се најдат помеѓу тие среќници, но за жал немале никакви документи со кои би го докажале својот чин во руската војска, а Борис Степанович сосема разбирливо, одбил да им издаде уверение дека се генерали. Вистинита но и тажна приказна!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но, трагањето по патот на јагулите по реката од излезот на Езерото, преку морето, океанот и назад, и сличностите со нашата емигрантска сага, се совпадна со еден пресвртен чин во татковиот живот, кој во голема мера ја промени судбата на нашето семејство.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Вистинската сопственичка сето тоа го видела, но секако дека не се осмелила да го сврти вниманието кон таквиот чин во присуство на третото лице, кое стоело веднаш до неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)