Понатаму, во октомври 2009, беа додадени шест нови члена (213-а–213-ѓ):    •  со првиот член се предвидуваше надлежен орган за утврдување на репрезентативноста, и тоа е Министерот за труд и социјална политика, на предлог од Комисија за утврдување на репрезентативноста;    •  вториот член ја уредува структурата на Комисијата, која е составена од девет члена именувани од Владата по предлог на министерот за труд – и тоа, по три претставника на МТСП, Министерството за правда и Министерството за економија.
               
             
           
            
            
              „Обезвреднување на трудот“
               од Савески,  Апасиев,  Ковачевски, Василев 
              (2010)