Што сонуваш и шепотиш и мислиш  кога по ноќва моја прстите твои бладаат  можеби сакаат да ја откријат вистината  што грее меѓу рацете и градите  Јас и ти сме како тревата и ветерот:  допирот нѐ крена од едно јалово мирување  затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет  со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви  Желбата благо се нурка во твоите широки очи  и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
               
             
           
            
            
              „Дождови“
               од Матеја Матевски 
              (1956)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Беше си пригодил сенце, шумичка за овците и козите, слама за говетцата и магарашките, та не пуштајќи ги на паша, бидејќи земјата беше бела, тој им скубаше сено од стогот и шума од лисниците и им фрлаше по трипати на ден и си лежеше испружен крај огнот во колибата, чурејќи си го лулето со убав канатларски тутун, што, заедно со лебецот, сланинката, сиренцето, грашецот и леќичката, редовно му го испраќаше Миша по комшијата Суклета.
               
             
           
            
            
              „Толе Паша“
               од Стале Попов 
              (1976)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Сонцето ќе се опули, и сите работат и јас работам. Некои собираат желади, други кастрат шума за лисници.
               
             
           
            
            
              „Пиреј“
               од Петре М. Андреевски 
              (1983)