Ќе го завиткаше, потоа, во ленено цедило,  а потоа ќе си го земеше пагурчето,  ќе седнеше покрај нас во постелата и ќе си запееше:  прати ми во писмото  малку од твојот глас,  да го носам со себеси  зашто твојот глас е гранче чесно дрво...
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Јас, Лука   Јас, Лука, монах од Вапа, запишав:  Пред мене, најстар меѓу монасите,  пред легнување застануваа сите монаси  и не толку да ми бакнат рака  колку да видам кој до кое  господово скалило дотерал,  убаво распознавав  кој најбрзо при Господа ќе стигне  и саноќ буден  јас своите соништа на оној му ги дарував  на кој светлината на првата ѕвезда  веќе го допрела.
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Се разбира  дека е доцна за каење  дека ѕвездите веќе се клапнати  и дека продавачите на пуканки  пак ќе ме прогласат  за почесен издишан балон.
               
             
           
            
            
              „Кревалка“
               од Ристо Лазаров 
              (2011)