Всушност, ѕвончето е звучен патоказ на главниот пат кон ѕвездите  а за патарината се знае кој ја наплаќа,  како што се знае кој има канџи и дека тие не му се за свирење клавир.
               
             
           
            
            
              „Ситночекорка“
               од Ристо Лазаров 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ми шепоти:  доаѓам од кај морето а Хелен  уште чека на брегот  шета во залезот и копнее:  на секоја самогласка  од песната што ја пее  светка по една ѕвезда  а на нејзината коса  еден славеј чека да изгрее месечината.  ***   
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)