Се лизгаш низ сопствените раце,  како јагула  немирен,  и за себе недофатлив  И светот со тебе се лизга  ко дете на тобоган,  Привремено весело,  сепак...повторливо,  толку извесно  просто неинтересно -  се знае дека на крајот ќе падне  она што паѓа од високо.
               
             
           
            
            
              „Сонце во тегла“
               од Илина Јакимовска 
              (2009)