љубопитство (имн.) - кај (предл.)

Оковани во прангите, со белегзиите на рацете и синџирите на гушите, ги помина неколку јаничари низ Стамбол но тука не предизвикаа некое големо љубопитство кај луѓето низ чаршијата, бидејќи вакви појави во Стамбол не беа реткост како во малите гратчиња во провинциите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дресирањето предизикуваше големо интересирање и љубопитство кај луѓето кои постојано одеа кај „Кучешката касарна“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но слушав, копачот удираше и, што беше чудно, растеше интересирањето и љубопитството кај луѓето од Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)