Грчките четници — андартите — не беа голи и боси како „бугарските“; тие дојдоа испроменети во црни фустани, бели ѕиври, со букви на врвовите, а ќостезите на саатите, крстовите што ги носеа на гушите, ѕвечеа од сребро и злато, подресени со лири, обружени со куси синавери, тие изгледаа вистински евзони како на свадба или на гости да тргнале.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Покрај  јадењето, судењето, наложи и парични давачки — „за пашата" — од секое село, покрај оние што и собра есеноска од црквите. Му требаа на пашата бели меџудии да ја подреси уздата на коњот; му требаа лири и половини лири за ќостези на саатите.
               
             
           
            
            
              „Толе Паша“
               од Стале Попов 
              (1976)