всушност (мод.) - во (предл.)

Еве го, во кафеаната „Боеми“, го испива стотиот вињак и вели: - Сигурен сум, сто насто нејзините три круга се всушност во полето на некојси малечок бермудски триаголник, каде што годините се ситен песок што налегнува по спрудовите на нејзините бадемасти очи и веднаш исчезнува без трага.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Авторот всушност во вокменот открива можност за детериторијализирано мобилно однесување, поврзано со актот на одење кој за урбаниот систем е она што е (по проценката на Michel de Certon) говорното делување за јазикот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во музичка смисла, всушност во контекстот на Rock сцената, grunge- от својот зенит го доживеа 1992, кога дефинитивно ја прерасна својата алтернативна позиција.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Често се поставува прашањето, каде всушност во Европа околу 1550-та се појавува кончетизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Кому јас можам, освен тебе, драга Агна, да му го соопштам моето расположение, восхитот од големата градба“, ѝ пишував на жена ми, а всушност во себе ги читав оние незапирни редови, што веќе беше ги напишал некој друг, во отворената книга крај мене, незапирни редови, од десно на лево, од работ на една до друга провалија, редови во долги низи кои се како обвинување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тргнал со цел да предаде “телеграма“, а всушност во поштата да фрли бомба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ми велеа дека Бог не постои и да не го пишувам со голема буква, а знам јас дека Бог е всушност во причинско - последичните односи во светот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се наоѓаме всушност во дворот на затворското здание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем сѐ ќе заврши наеднаш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само уште големата порта ме дели од слободата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека ја отворам вратат на канцеларијата ги слушам чекорите на спроводникот што бавно се оддалечуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Живееја всушност во два света со една душа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)