во (предл.) - седумнаесетти (бр.)

Но сенката стоела на долгнавест прозорец. Го препознал натрапникот, веќе знаел кој е уште пред да му го чуе гласот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Триесет и една или две години подолг живот минал Арсо Арнаутче од него а тој навлегува во седумнаесеттата. Секако бил постар од крестокосиот Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А бидејќи единствената домашна традиција врз која можеа да се потпрат овие обиди беше усна, во руската книжевност во седумнаесеттиот век се јавува силното влијание на фолклорот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Анѓа наполни шеснаесет и завлезе во седумнаесеттата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во седумнаесеттиот век, спротивно на француската тенденција сосема да ги галицизира Грците, одејќи до детали во мебелот и облеката, германските преведувачи остро се спротивставија на ваквите стремежи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)