во (предл.) - кого (зам.)

Се спушта сега тој на рамената на врсниците свои во болот непребол дури од него горското цвеќе се разделува Домот во кого згасна помнењето на светот во залезот на виделото.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Напротив, тој беше создаден за мечтател, во кого мислите знаеја да закружат високо, и во кого не едно чувство и не една желба се посреќаваа, се подгреваа, некои и се судираа, но никогаш да поминат во страст и во пројава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој скокна на нозе со брз обвинувачки поглед кон Винстон во кого очигледно се посомнева дека го сопнал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во кого? Се знае, во месечината! Ја прегрнало, и ја дало топлината!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Точно, но јас слушнав глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Никифор само ќе ги собира веѓите и гледа кон кај гледам јас, во кого гледам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Борците скокаат и се фаќаат за оружје. Готови се да пукаат, ама не знаат во кого.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Милер раскажува дека еднаш му дал касета со Јужниот Пацифик на некој дечко во кого бил потајно вљубен, касета што го репродуцирала површинското крцкање од лонгплејката што ја имал уште од детството – крцкање што особено се слушало на „Некоја чудесна вечер“, нумерата што очигледно најчесто ја вртел и на која особено сакал да му го обрне вниманието на предметот на својата љубов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се појави Кулиман војвода не само преку песната Кулиман излезе место да рашета туку и преку вистинската приказна за неговиот живот со херојски мигови и со падови на изнудувач на пари што го доведува пред муцката на пушката која во исто време ги израмнува сметките и со двајцата, и со оној што ја држи и со оној во кого е вперена.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се надеваше дека ќе прочита некој збор за неа во црна хроника, па така барем ќе дознае во кого се заљубил.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Беше дојден до информацијата дека еден од најумните од врвното југословенско раководство, кој како татко ми многу читал, во кого најмногу верувал и самиот Водач, а во еден период дури и Сталин, своевремено, додека се занимавал со одгледување и откривање на печурките, особено од својата родна северна република, помислил да ја ослободи земјата од козарите и да ја претвори во цветна градина со безброј печурки!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И тогаш човек збудалува, не знае кај оди, во кого ќе удри.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дадов отказ, се преселивме во поголема куќа, децата тргнаа на училиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се опорави и дојде кај мене да ме моли за прошка. Веќе не можев да го сакам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се вљубив. Човекот во кого се вљубив не ме сакаше. Ми рече да се чистам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Му се заканував дека ќе го убијам доколку оди со други жени. Одеше. Пукав во него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)