во (предл.) - сет (зам.)

Ќе се надеваме оти турската влада и турската интелигенција ќе се уверат во сета штета што ја причинува таквата предрасуда и ќе се потрудат да ја искоренат и со тоа ќе ги поправат односите меѓу христијаните и муслиманите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Страшното во ова, помисли Винстон, страшното во сево ова е што О'Брајан, откако ќе го каже тоа и ќе верува во него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По ѕидовите имаше црвени плакати на Младинската лига и на Шпионите, како и еден постер на Големиот Брат во сета негова големина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Миличок, мојата улога во сево ова е слична на онаа на Платоновиот рапсод.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се шегувам, иако има нешто, чувствувам, матно и подземно во сево изречено.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во собата блескаво надојде светлината, како директно да се рефлектира од езерото, кое се подаде пред нашите очи во сета своја долговечна убавина.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го уби пушењето. Здравјето и како блудник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Моќта кон метаморфозата – да се биде насилен, дрзок потоа без напор ранлив, кревок – во музиката е вродена и поради тоа, што таа, во сета своја валентност, останува женствена, нејзините визии сонувани.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ако сакаш да знаеш, во сево ова има толку многу конвенционалност, што сега веќе може да возбуди само некој оперски херој како што си ти.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)