во (предл.) - авлија (имн.)

Само што влезе во авлијата, една голема порта отстрана се отвори и пред Марко излезе игуманијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По кожарот во авлијата влезе Керим Есад, аџија и ајан од Љуботен на Карадаг, кој се беше нашол во чаршијата, та ја чул веста за турчењето на ибн Пајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чардакот од нивната богата куќа беше тесен за неа; бунарот во авлијата плиток за кофата што ’рѓосуваше во која таа влегуваше сосе калци; маштеницата не се пиеше инаку освен направо од ѓум, а бакарданот се шмукаше како да е сок од дренки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во авлијата два вековни чинари фрлаа дебели сенки врз сметената калдрма, а црквата беше в чело, вдлабена во гранитната карпа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)