во (предл.) - архива (имн.)

Подоцна некој главен мозок од Внатрешната партија ќе ја одбере оваа или онаа верзија, ќе ја редактира и ќе го стави во движење сложениот процес на неопходното исправување на текстовите поврзани со овој и тогаш избраната лага ќе биде сместена во архивата и ќе стане вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Штом ќе се собереа и споредеа сите исправки што требаше да бидат направени во секој посебен број на „ Тајмс“, тој број се препечатуваше, оригиналното издание се уништуваше, а на неговото место во архивата се ставаше исправениот примерок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Човеков бил Тито: во секоја република имал сопруга, заведена во правливите матични книги, кои мораше да ги бара во подрумот во архивата бидејќи во компјутер немале време, а ни желба да ги внесуваат. Па немал усул...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)