во (предл.) - бележник (имн.)

„На жената од над амбисот мислиш?” праша мајка ми додека седнуваше да се потпише во бележникот на поштарот за примените пари.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Она што е заведено во бележникот на секретарката на другарот Јаким Ниновски дека состанокот помеѓу него и другарот Јаким бил закажан за во вторникот, на 18 јуни, воопшто не држи вода.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во бележникот на поетот ваквите случувања ја носат етикетата срамни трошки од трпезата на животот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А потоа наеднаш почна да се смее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас, онака незабележано, се прошмугнав натаму и низ витрината гледам: седи на масичката крај прозорецот и нешто запишува во бележник.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)