во (предл.) - бразда (имн.)

Секаде прв стигнува. Жние, ора од сите поарно, ама во браздата оддалеку не се гледа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па сепак, жарчето што пред исчезнување за кратко вивнуваше, го натера едно утро, откако се изми во браздата крај неговата ограда, решително да појде да ги запознае соседите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Гледајќи во браздите видел кај мрдаат од земјата црвените црвје.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ја чекај да си позобам троа црвје, и така ми се јаде,“ си рекол Силјан и си влегол во браздите да си збира црви.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Е лели и ова не ми го веруваш, бре татко, ами кога беше ти на орање во големата нива, лели ти ги тераше Велко воловите и јас си зобав црви во браздите изорани; ами лели Велко ти рече два три пата: дедо, дедо, нашиот штрк ете го зад тебе, и ти на треќиот пат ме удри со остенот и ми ја окрши писката од ногата, та едно чудо време боледував, одвај дури оздравев.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во браздите на сивите кори се враќаше живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ветките на смреките веќе не беа збрчкани суви коски на непознато животно од предискони.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оди по бразда, чини и збира Силјан црви и бидејќи многу чекореше, дошол близу зад татка си.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„Ја чекај да си позобам троа црвје, и така ми се јадит“ - си рекол Силјан и си влегол во браздите да си збират црви.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Значи, по мене стрелаат - рече Трајче и уште посилно се прилепи во браздата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во меѓувреме, растението донесе светлопупурен цвет во форма на инка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неколку дена потоа врагот ја заврши работата и го посеа семето од увото во браздата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога, одненадеж, одлучија да ја напуштат Земјата на езерата и да станат дефинитивни емигранти на приро­дата, Мајка се посомнева дека бездруго јагулите се сплеткале во браздите на неговиот ум, откако се запозна со стариот Русин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да не седи бадијала, да не знае што да прави. Ко Јона мој, во браздана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој рупка сливи во браздата, а магарето рупка трње на меѓата. Се надгласуваат, со проштение.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сме застанале така во браздата, ко посадени, сме се потпреле на рачките од мотиките, и гледаме во небото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И не сака да зајде сонцето, не може да се наигра и да се нагрее во трапјето, во браздите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отидовме, ама без шише пак не оди. Ја истресе сливата и си седна во браздата. Се одвали вака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го стави ралникот во браздата, остро подвикнувајќи му на магаренцето: „Буррр-о!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)