во (предл.) - бројка (имн.)

Во бројка која сите така нестрпливо ја очекуваа. Остави да ги грицка јанѕа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зборувај во бројки, буквите одамна веќе немаат смисла.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Можеби преписот од букви бил сочинет, но штом бил пренесен од исток на запад, под светилна инаква од онаа во која е роден, буквите се преобразиле во бројки.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ема гледаше во бројките, но ништо не ѝ беше јасно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Последица од нужноста дека треба сѐ повеќе да се мисли во бројки, а сѐ помалку во слики, е бегството на историската свест пред онаа формалната.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Низ историјата формалното мислење му било подредено на процесуалното и дури со почетокот на новото доба тоа истапува како „аналитичка геометрија“, т.е. како во бројки укодирани геометриски форми.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Јасно и разбирливо е затоа што е кодифицирано во бројки и бидејќи секоја поединечна бројка е одвоена од секоја друга бројка со некој интервал.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Вистинската причина за тоа што мислењето во букви попушти пред мислењето во бројки мораме, значи, да го бараме во недоволната јасност, разбирливост и дисциплинираност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Поради тоа теоретичарите мораа да почнат да мислат повеќе во бројки, а помалку во букви и слики.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Скратениот приказ на модерното прекодирање на букви во бројки и на процесуалната, историска и расветлувачка свест во формална, калкулативна и аналитичка, се разбира дека не е доволен за да се разберат денешните алтернативни светови.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во науката обично се обидуваме ваквите мемории да ги кодираме во бројки, пред сѐ заради компактноста а и за да имаме еден заеднички маштаб во однос на кој би можеле да ги споредуваме различните набљудувања.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)