во (предл.) - влада (имн.)

„В) Да ѝ се пристапи на Советската влада со идејата за постигнување заеднички договор за немешање во политиката на Балканот“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ми се смачи повеќе да не можам да биде и се кренав јас – одам право во Скопје. Во Владата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И во однос на ЕАМ се сметало дека во средината на 1944 година веќе не „би било можно…да ѝ се даде екслузивна поддршка на ЕАМ“, особено во моментот кога „грчкиот премиер се согласил да прими во Владата нејзини претставници и да ја вклучи ЕЛАС во Националната армија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Првин поранешниот министер во владата, врз малцинска основа, Мустафа С., му рече дискретно на Татко: Ме повика водачот на Републиката, пред некој ден, да ме праша дали познавам некого кој го владее старото турско писмо, арапската османица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според нив, „сите ‘федералисти’ во владата и ‘армијата’ на Михаиловиќ се согласуваат дека Југославија треба да ја задржи династијата Караѓорѓевиќ“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И во основа „сите тие ги оспоруваат правата на Македонците да формираат автономна држава во рамките на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Татковиот вујко Али Фети, кој ѝ служеше на Османската Империја како воен аташе во Париз и подоцна како амбасадор во Софија, потоа во владата на Изет-паша како министер за внатрешни работи, заедно со блиски унионисти (приврзаници на Унијата за прогрес и единство), ќе се крене против натамошно распарчување од тоа што преостана од Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)