во (предл.) - гнездо (имн.)

Тогаш погледот му паѓа на постелата од свилени чаршави под која се покажува влакнестата нога, потем и ликот на неговиот левантски двојник кој спие со сон на праведник и со задоволна насмевка на лицето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А во салонот на тој бункер за одбрана на сладоста, свлечена пајажина од свилени неглижеа лежи распослана по меките дивани и длабоки фотелји, а од салонот, неколку порти водат директно во гнездата на заборавот, потонати во полумракот и згуснатиот кич во кој се задушуваат будоарите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се качувавме на столовите и ги враќавме во гнездата, додека околу нас кружеа мајките ластовици и нѐ гледаа, час со недоверба, час благодарно.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
- О, драги соседе! - викна ластовичката. - Отвори ни да си влеземе во гнездото!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ластовичиното семејство што живееше во гнездото под стреата, се готвеше за пат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Така и направи. Се пресели и остана да живее во гнездото.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Рози никогаш го немаше допрено лубеничето зашто веруваше дека, ако го фаќа, тоа може да биде исто како кога се фаќаат неразвиените птици во гнездо.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа се сврте кон мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мојата масичка беше празна. Имаше многу празни масички во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се свртев кон неа, таа лежеше на креветот до спротивниот ѕид од собата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие постојано ме молат да ги однесам во Гнездо во посета на тетка им, ама јас одбивам. Тоа не е место за деца.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На крајот од источното крило од зградата на болницата имаше малечка библиотека.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ги отворив очите првото утро во кое се разбудив во Гнездо, го слушнав гласот на Клара: „Како ја помина ноќта?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да преспиеме само една ноќ заедно во нашата соба.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А сега,“ му реков, „сега ќе ти ги покажам заедничките простории во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На пример – некој се испосрал на сред собата, некој ја заглавил перницата меѓу решетките од прозорецот, трет го послал чаршафот среде собата, четврт им ги скрил под својот душек влечките на сите со кои е во собата…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Толку многу сакам некогаш повторно да дојдеш во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така ми велат докторите кога ги молам да ме пуштат. А сега им побегнав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јохана тргна кон својот дом, јас кон својот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ќе ја видам кога ќе дојдам со нејзините Густави,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оваа овде, која денес ни служи за пресоблекување, е Големата сала, во која доктор Гете понекогаш ни држи предавања, ни го толкува лудилото, мисли дека така ќе ни помогне да се разбереме себеси.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Јас сега ќе одам,“ рече. „Одам назад, во Гнездо. Таму ми е местото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сакате сега да ја видите Клара?,“ ме праша доктор Гете, кога влегов во неговата канцеларија во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара раскажуваше за синовите на својот брат, кажуваше како малите Густави, кои и натаму ги викаше „мали“ иако веќе беа возрасни мажи, ја посетувале во Гнездо, раскажуваше за нивните сопруги и деца: „Кога доаѓаат со своите деца, ми се чини дека цел свет доаѓа таму – некое тукушто прозборело, на некое му никнал заб, трето паднало и си го раскрварило коленото, четврто научило да лета змејови, па седиме цело попладне во паркот и гледаме кон небото,“ рече, и погледна низ прозорецот кон небото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ти ластовичка во гнездо под стреата, го паметам поздравот кога одлета...
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Еднаш беше во гнездото на Марија. Таа го праша - Зошто хирургот те вика Отец Симеон?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сфаќаше: од тројцата тетреби, во гнездото на Марија можеше да запее уште еден - тој.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Баба скршена се вратила на Балканот во гнездото на своето семејство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не го најде, јастребот не лежеше преку ден в гнездо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во гнездото на Нигеријците влегов на забава по еден кошаркарски натпревар во „Парк“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
9.4 Ми долета орелот Со девет орлиња Изведени во гнездото На книгата.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Секогаш го поддржуваше, дури и кога не ги споделуваше ризиците на не­говите патувања, на бегањето во критичните моменти, за да се врати во нејзиното гнездо на чекањето, во гнездото на заедничкото семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На чатијата, во гнездото, Татко, пред да ја види Мајка, забележа штрк.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само вистинските случаи, а кон нив можеле да се придодадат и таквите соништа кои биле вистински одраз на стварноста останувале во гнездата на нашето паметење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И една поука што си ја спомнувам бидејќи често ја среќавам во гнездата на моите соништа: За да се втаса далеку не треба многу да се оди. Само затвори ги очите!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Птица в гнездо шири крила, покривка за челад мила - добра ноќ!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)