во (предл.) - гробница (имн.)

Секоја грмушка и секој камен на Грамос претворете го во гробница на монархофашистичките орди за да се осуетат поробувачките планови на англо- американските империјалисти, за да стигнеме до победата...”
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Моите очи останаа живи само за ток експонат во гробницата на ненужните стари мечови и наџаци, кубури, клопотарци, икони, лажни Буди и Шиви, црковни книги, евзонски носии, светогорски бројници, сребрени пехари и фајански ламби, кандила, беговски чибуци, во тој калеидоскоп во кој вчерашното време умрело под 'рѓата на механизмите на секаквите дрвени и порцеланени часовници и го нема зад правливоста на старите огледала тоа време од кое испариле и кросниците и творците на сета излитеност. Рубина - но дали Фаин?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И така, како што сведочи еден негов биограф, житие што му сочини на Филозофот, „заедно со ковчегот го положија во гробницата од десната страна на олтарот на црквата Свети Климент каде тогаш почнаа да стануваат многу чуда.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)