во (предл.) - длабина (имн.)

И таа во длабината на својата душа ги примаше ударите на судбината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога ќе се пристигне до највисоката кота, тогаш, како на дланка, се открива морето, сета бескрајност на морето, а некаде таму, во длабината на ширината се наѕира островот Тасос по зло познат од времето на војната, зашто тука бил лоциран фашистичкиот логор, а во него биле интернирани и многу Македонци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секаде има шум, со шум си заобиколен, тој не те напушта и во длабините на градскиот парк, а како ехо се носи и се слуша и во пазувите на Витоша.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По мене Времето се качува (повеј студен) И ме Осланува. колку сум заморен Колку сум заморен од животот Од летот во висините Од падот во длабините Од врели стрели Шибнати во слабините Та чувствувам како Молкум ме одминува светот И како Отаде Ме носат Годините. присет Воденичен камен. Јачменов леб.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Понекогаш, во длабините на тој занес, му се чинеше дека затаено го наслушува животот на сиот свет во кој, како што сè повеќе се уверуваше, сите деца на светот спијат толку спокоен и блажен сон во оваа долина на среќата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но во длабината на нивните души, се чувствуваат навредени и понижени поради универзалното зло.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во тие единствени мигови на животот се проверуваше висти­ната за верувањето во длабината на битието, се довику­ва­ше Бог, се веруваше дека човекот ја чувствува душата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Меѓу стеблата во снегот стоеја вдлабнатинките од испаѓаниот окит, како единствени измешани дири, што покажуваа дека тука наодамна поминал со својот палав чекор на заводник тој јужен ветер, а потем отпатувал натаму во длабините на шумата, од каде што сега, заедно со она трубење, се слушаше како понекогаш прикрцкуваат гранките, кои сосема им се подале на неговите топли игриви прегратки, така за тој да може дури и да ги однесе на својот пат и остануваа скршени со онаа слатка болка на трудницата, или пак продолжуваа ритмично да го повторуваат своето занесено стенкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Негде во длабините на својата душа тој можеше и да се гризе заради тоа, но тука не можеше да се стори ништо за да биде поинаку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Жената молчи и во длабините на очите дупки светкаа во празнината на своето тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Богдан сега пак лежи болен, но не во болничкиот кревет во Виена, туку овде, дома, и пак ги чувствува оние исти полипи од болницата како му се заплеткуваат околу нозете и го тргаат во длабини каде што не можеше да дише и пак прави напори да им се оттргне и да дојде до здив.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сета љубов, која ја имаше во длабината на својата душа и која цел живот им ја подари на своите чеда, кои беа заминати на разни патишта и постови во животот, а јас на најдалечните, ја вложуваше во своите цвеќиња на Балканот. Сакав да го надминам значењето на моите зборови, упатени до мојата мајка, на другиот брег на Медитеранот, да го напишам најубавото писмо што еден син го напишал на една мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Продолживме заедно молкум да чекориме крај морскиот брег.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега имав голем повод.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гледавме по некоја морска ѕвезда, исфрлена на брегот како со бавното движење на краците се обидуваше да се врати во морето, да оживее целосно и повторно да завладее во длабините на морето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зборови кои ќе допреа во длабините на нејзината страдална душа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги делеше луѓето И најчесто на самата невидлива граница, која беше означена некаде на дното на езерото, кога минуваше чун се создаваше силен вител кој го одвлекуваше чунот во длабините и речиси никој не преживуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко на турцизмите гурбет, сургун, гајрет, мошне често присутни во балканските јазици, реши, според кругот на блискоста на значењата, да ги предложи уште зборовите гајле и беља, како можна целина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во такви бурни мисли и заспа на чардакот, следен од будното, но невидливо око на Мајка, која му ја ширеше својата топла светлина во длабините на сонот, покривајќи го со сината наметка, вардејќи го неговиот сон како нешто најдраго и најдрагоцено во животот на нашето семејство...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Проникнувањето во сите други јазици требаше да придонесе тој да навлезе во длабината, во суштината, во комплексноста на својот мајчин албански јазик, во неговото најверојатно потекло од илирскиот јазик и во многу други мистерии кои се предизвикувани од постоењето на јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Балканецот морал да истрајува, да им поставува брана на неочекуваните удари на историјата, најпрвин во длабината на својата душа, а потоа со другите, да го одржува колективниот, семејниот и личниот гајрет!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уморен сум од кревкоста на тревите Чии жилки заедно со прстиве мои Длабат во длабини.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Стеснати меѓу камената ограда и неможејќи да се шират, гробиштата се шират надолу - во длабината на земјата: гробовите се на катови; попресните умрени секогаш се згора.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Завршуваат во длабините на морето на самиот извор на раѓањето и умирањето...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така зборуваше Игор Лозински, а тогаш во татковата свест проработуваше силниот систем на асоцијации: Зарем јагулите на долгиот пат, кога се оддалечуваа од Езерото во морињата, во длабините на океанот, нели го губеа надворешниот вид и гледаа и со внатрешниот вид кон целта, кон морето и родниот океан, а на враќање, кон Езерото на нивните предци. ,,Треба да си лишен од родната земја”, - му велеше во една друга прилика Игор Лозински на Татко, - ,,за да ја љубиш својата родна земја со неземска љубов.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие се зближија до братимење. Ги зближи заедничката фуга на големото страдање, пластена во длабините на душата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Митскиот простор на Езерото се ширеше во длабината на семејната психа, го обземаше секого од нас на посебен начин.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Гледав во длабините на бунарот, небаре во него беше запретано исчезнатото време на семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Водата нежно се разбранува кога стаклото ја допира површината и потонува во длабините.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зашто улиците беа како еден огромен јазик, и додека луѓето минуваа по нив вкусот на нивните ѓонови се впиваше во длабините на камените пори за да биде испитан со лакмус.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Градот се затресе. Се отворија тротоарите и улиците и луѓето врескајќи испаѓаа во длабините.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Под вознемирената вода, во редица како јато од риби, ‘рѓосуваше сега четата од роботи што ги конструирал пред многу години за да ја разбие својата осаменост, а потоа, свесен за својата лудост, со командата еден, два, три ги натера да одмаршираат во длабините на каналот, додека од нив се издигаа меурчиња како од шишиња.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Патуваш по границите рани, странични на вселената – изведена смисла/свет а таму душата лебди, бдее бедеми бедни та раскошни со плимата плиска со осеката секне секавично и ведно гледаш и мижиш во длабините и самиот длаб на етерот бладање, сон на сенката светилник на помрачението блаженство во јадот страст за питие смрт и заборав за лага и заблуда за облик, опиум!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Една ноќ, во длабината на бараката, чувме некакво цвилење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оваа состојба тешко би можела да се дефинира доколку нема свои корени во длабините на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Макар што и натаму не се откриваше во нашата преписка, остануваше за мене енигмата која е, како изгледа, која и е професијата, таа и натаму понираше во длабината на моите балкански мигови, во неизвесностите што ги живеев во балканската реалност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие се чини дека овде опишувате еден вид внатрешна алхемија каде што очигледно не се доgмите на една религија кои ја хранат душата на вашиот татко, туку светлината која тој ја донесуваше од стрмоглавите сруштања во длабините на самиот себе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ѕil existe quelque chose comme une mе, elle tаit certainement l; il ne tenait qu nous de savoir la deviner, lеfflеurеr. Vous semblez dсrirе l une sorte dаlсhimiе intriеurе о visiblement ce ne sont pas les dogmes dunе religion qui ont nourri lmе de votre рrе, mais la lumirе quil ramenait арrѕ de vertigineuses descentes en lui-mmе. Ce langage de lmе que vous lisiez dans le bleu de son regard et jusque dans ses silences est sans doute la meilleure duсаtiоn spirituelle quil pouvait vous donner; et vous ne la dсririеz pas aussi merveilleusement si vous nеn aviez pas fait vоuѕ-mmе lехрriеnсе. Et en regardant par la fеntrе quelques coins de ciel bleu qui sont en train dарраrаtrе арrѕ lоrаgе, je me dis que сеѕt certainement cette duсаtiоn l que vous avez vоuѕ-mmе dоnnе vos enfants. Hlnе Lejbowicz 3 марt 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Меѓу другото, во емисијата се претставуваа и млади жени во празнични носии, чудесни уметнички творби.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Светлосна промена. Се расклопуваат ѕидовите од собата. Во длабината безвучна експлозија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)