во (предл.) - дожд (имн.)

Јас гледам во дождот што ткае на прозорецот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Стоеше, изделена, ѕурејќи во дождот и шумниот мокар свет отаде големиот прозорец.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Одговорот на жената не се слушаше. Како да беше дожд во дождот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дури, еднаш, на коридорот, еден мој другар ме прашуваше како сме си поминале на тренингот и дали навистина можам пет минути да возам на едно тркало; Луција стоеше само на метар од нас, сама, замислена, и гледаше низ прозорецот; надвор врнеше, таа гледаше во дождот, а долгата, црна коса, собрана во опашка ѝ паѓаше по грбот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И така долго претворен во дожд сал блиското давење на моторите и чадот од другата страна на уличниот порој ме враќа и потсетува дека седам во тремот додека врне дожд додека врне додека врне долгоочекуваниот градски дожд на летната квечерина.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)