во (предл.) - заветрина (имн.)

Над густижот се разгранува див орев, на неговите гранки и на капините наоколу скапува разна облека, машка и женска, и според везот празнична, а внатре, во густижот, во една спила, се таи, во усама, Молитвена Вода. спилата целата е исчадена и искапана со восок, а од кладенецот, место бразда, прудолу низ шумата и низ полето, спрема наслебата во Потковицата, води добро разгазено патче.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Спуштајќи се право прудолу од Чауле и рамно по средината негова, по добро натратено патче, го разгазиле овчарите и сите желници кои од Потковицата се искачуваат на врвот за оттаму да ја гледаат околната, во заветрината што ја сочинуваат јужниот и источниот лак, длабоко во шумата, човек ќе наиде на густиж од диви рози, капини и бршлан.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имено, овдека, во заветрината на Петочната Вода, со својот булук, со своите овчари, коњи и шарпланинци, сѐ до крајот на последната Голема војна, доаѓаше на зимување стариот мијак Рафаиле, потомок на Ѓурчина Кокалески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ама овој пат, во случајот со Дуковица, немаше ветар, прозорецот бил затворен а собата е во заветрина, во ниското; глупаво е и да помислиш а камо ли да бараш причина кај ветерот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не оди мојата анама ни во Кизлар-амамот кај Јаја-пашината џамија, каде што се капат само моми и жени, ниту во Шеки-амамот што е во заветрина, а како што знаеш, дури во бојаџиската чаршија. Сака во Чифте-амамот и толку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)