во (предл.) - заграда (имн.)

Зад секое име и презиме во заграда ја пишуваше земјата од каде доаѓа девојката, потоа повлекуваше цртичка и додаваше по некој податок од записите на Илона, што го сметаше за важен: националност, возраст, образование, познавање на јазик, карактеристики на поведение.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа имаше некаква врска со прашањето дали запирките треба да се ставаат во загради или надвор од заградите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бидејќи геј-мажите добиле прием во популарната култура токму со ставање во заграда или со обезважнување на карактеристично сексуалните димензии на нивните животи – видете го само успехот на филмовите и на телевизиските серии како што се Филаделфија, Вил и Грејс, Настрано окце за стрејт-дечкото, Кирија и Планината Броукбек – низа гласови се кренаа да го поддржат приговорот на Ворнер против десексуализирањето на геј-мажите. И јас придонесов кон таа критика, па нема да ги разврзувам тука истите претходни аргументи.102
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вчера доаѓа еден пријател: “Тебе, ми вели, стилот ти се менува, сечен е.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сечеш, сечеш и воведна реченица, зад воведната уште една воведна, потоа во заграда нешто ќе вметнеш, а потоа пак ќе исечеш, ќе исечеш...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)