во (предл.) - запад (имн.)

11 Она што дотогаш се случувало во окупираните земји како во Западна Европа, исто така и на Балканот, покажало дека сите обиди за индивидуален отпор, против разработените полициски методи за контролирање на населението завршувале со неуспех.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во тоа време стотици бомби беа фрлени врз индустриските центри, главно во европска Русија, во Западна Европа и во Северна Америка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ШТУТГАРД е центар на Баден - Винтенбершката покраина во Западна Германија, втора по големина во оваа земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Татко беше повеќе во Западот на своите идеи отколку во реалноста на Истокот, на цариградската судбина, која не ја сметаше како своја како што беше случајот со самиот вујко Али Фети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
8 Пристигнав во Западот. Започна мојата душевна рапсодија. Животот со дечко ми.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Напоредно со случувањата во западна Европа и на тлото на Балканот и пошироко, освен промени на политичко поле, биле преземани и активности во ширењето на христијанството и писменоста меѓу Словените.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
157 Оваа информација не одговара на вистнската ситуација, бидејќи по капитулацијата на фашистичка Бугарија беше ослободен поголемиот дел од Македонија што беше под бугарска окупација, но со исклучок на градовите Скопје, Битола, Велес, Куманово, Штип, Охрид и градовите во Западна Македонија. Битола беше ослободена на 4 ноември 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
158 На 5 октомври 1944 година во Крајова (Романија) претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито, ја прими делегацијата на Бугарската отечественофронтовска влада на чело со Добри Терпешев.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Време кога беше исцрпен во западна Европа моделот на држава-нација кој претпоставуваше силно, јакобинистичко единство и сега се трагаше по моќни интегративни целини, додека на Балканот се бараше задоцнетиот спас во архаичните држави-нации, по цена на братоубиствени судири, етнички чистења, нови граници.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И потоа продолжува миграцијата на мртвите туни кон светските пазари во западна Европа и најчесто во Јапонија, за да завршат во малите конзерви.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И еве уште еден пример во медитеранската игра на судбината на човекот меѓу среќата и несреќата, светлината и темнината, во трагичното проклетство и во неговите урнатини, кога продолжува вечното отпочнување на човековиот живот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие се жртви на индустрискиот развој, на кисели дождови и непланско сечење. Во Западна и Централна Европа - вистински погром.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)