во (предл.) - земјотрес (имн.)

Во заднина, Арапин со дигнато копје и грчевит, можеби заден скок на лавот – драперија на ѕидот, разурнат во земјотресот, во мојата детска соба.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Десетина луѓе од зградата стрчаа по скалите кон излезот како во земјотрес.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Куќата на тетка Рајна беше приземна, мала, скоро сосема дотрајана, и беше вистинско чудо како не падна во земјотресот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Влегов во мојата соба и ја пронајдов книгата на која беше сликата на мајка ми, заедно со сликите на другите загинати во земјотресот и не знам по кој пат си плачев со неа на градите... мајко, мајчице моја, кој може тоа друг да ми биде...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Еден човек, кој носел во кофа вода од чешмата до еден гроб, веројатно, за да го измие, или да ги полее цвеќињата, него го прашала: - Простете, случајно да не сте чуле, да не е закопана тука во близина жена што загина во земјотресот, а работеше во банката, - и го кажала нејзиното име и презиме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа, во сите тие страшни денови, кога радиото ги соопштувало имињата на загинатите во земјотресот, со ужас го слушнала и името на една своја соученичка од времето пред да се запише во учителска школа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Југословенскиот простор кој Тито успеа да го обедини и одржи во авторитетна државна заедница во текот на половина век, што никогаш не му успеало на друг владетел на овие простори, започнуваше да напукнува...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека се присетував на историјата на бродот Галеб и на неговиот пристан во Тунис, со кој Тито во јули 1953 година патуваше во прва посета на Велика Британија, се вратив во далечната 1952 година, во времето на раното детство кога се најдов на големиот митинг во Скопје на големиот плоштад, на кој говореше маршалот од средишниот свечен балкон на Офицерскиот дом (се сруши во земјотресот од 1963 година).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Стои пред театарот разурнат во земјотресот, втренчено гледа во мене и ми дава знак со раката. (Пријателот – привид, што стои отспроти, преку реката, пред многу години замина од земјава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Еврејката Нилика, во овој ист, за жал исчезнат во Земјотресот Пасаж пред да замине за Израел ми беше рекла дека долго избегнувала да шета по Пасажов за да не се среќава со спомените.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)