во (предл.) - идентитет (имн.)

Франција му беше пример како земја со основна католичка традиција, во која се признаваше протестантската, еврејската и муслиманската димензија, како и волтеријанската (атеистичка) реалност, мошне претпазлива кон секоја религија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, вгнездени во овој мачо-пресврт беа промените во идентитетот и субјективитетот на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бев свесен дека во разликите во идентитетот, се криеше големата тајна во постоењето на сите уметности, во раскажувачката уметност посебно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Семејството на Малуф отсекогаш, според зборовите на авторот, се гордеело со својата арапска и рисјанска компонента во идентитетот, уште пред појавата на исламот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но Елен Лејбовиц, соочена со медиумските црно-бели слики кои ги изнесуваа последиците од задоцнетиот европски дипломатски балет во регионот и раскажаните епизоди од мојата балканска сага, бараше начини, како мојата раскажувачка вистина да се наметне како веродостојна алтернатива.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бекташките гени означуваат свои разгранети патишта во идентитетот и во судбината на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, геј-идентитетот не ја опфаќа – не може да ја опфати – геј-желбата во сиот нејзин субјективен размав и опфат. Не може да ја изрази. Желба во идентитет не поминува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)