во (предл.) - исчекува (имн.)

Живееја во исчекувања.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во Минхен, во овој вриеж, од луѓе во исчекување, се запознав со двајца граѓани од Делчево кои, како и јас, чекаа на воз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Денес овој голем приморски град на црноморскиот брег е во исчекување на своите први летувалци и се подготвува да ја пречека новата сезона подобро од лани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Велзе служителот и застана покорно, во исчекување.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Кој ги украл? ги дигна веѓите и остана со отворена уста зачуден и во исчекување.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Веројатно би било доволно набрзина да се направи една општествено-семиотска анализа за да се објасни зошто маж кој има таков предмет никако не би бил некој што може „дома да го однесеш во Орландо и никој да не го познае“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во продавницана нѐ дочека изложба со едно педесет до сто модели на славини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, другите родови кодови се посуптилни и понедофатливи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еднаш имав повод да одам со извесен мој дечко на пазарење во еден дизајнерски салон за санитарија за бањи, во исчекување на реновирањето дома за кое толку мечтаевме, но кое никогаш не успеавме да си го дозволиме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така и сега го потпритисна перото меѓу прстите во исчекување, загледан во првите зборови што ги нашиша: ’Вие, Македонци, сте повикани да му припаднете нему, зашто вие сте му мили на Бога...’ Во студенилото на зимата околу него, срцето одеднаш му затрепери од споменот на една далечна топлина...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оние, будните крај купиштата жар и пепел, мислеле дека ништо не се менува освен движењето на ветрот, ништо, ни двајцата вкочанети - Онисифор крај зинатиот гроб и Онисифор зад насобраните гранки, секој од нив во исчекување другиот да заспие за да го стори она што мора да го стори со мртовецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да сакал да го развлече разговорот во исчекување дека можеби ќе дојдат селаните и ќе ги подберат жените пред себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа паднал нудејќи ѝ ја крвта на смрзнатата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Светлоста на огнот полека се менела - потемнувала и ослабнувала, станувала дел на ноќта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговиот гнев се грчел во неговите тупаници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Онисифор Проказник подоцна се сетил со каква надеж во премрзнатите прсти старчето му ја стискало раката во исчекување дека набожен и благословен од мајката Минадора ќе го спаси, ќе му помогне да стане и да зачекори по линијата на својот продолжен живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со второто име сум станал ова што сум - и Дмитар и Пејко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш, заборавајќи го повикот, толпата се разбранувала во исчекување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бил повеќе во исчекување отколку исплашен - очите му се стиснале како на човек кој наслушува непознат глас од далечина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но почекајте вие. Попов ќе каже како запалил. - Лажеш. Не запалил. - Запалил. Прашајте го.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги склопи очите во исчекување и се изненади од нејзината пријатна мекота.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Помина цела недела во исчекување на резултатите од биопсијата што беше извршена врз Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека трепереше во исчекување, во нејзината потсвест повторно се појави тој, но и таа, во филмот наречен голема љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Обземен од моите книжевни потраги и со моето дипломатско искуство, се обидував да дојдам до индивидуалниот и колективниот удел на историската одговорност, барем на планот на генералните размисли и идеи, при што, постојано надвладуваше рефренот: сите ние бевме одговорни!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ретко кој се обидуваше, затскриен во некоја дефетистичка барикада, во исчекување да мине злокобниот, судбински бран на историјата, да си ја покаже главата во новото време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги склопи очите во исчекување и се изненади од нејзината пријатна мекота.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го отвори очите во исчекување.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се здрви, во исчекување, не ли ќе заофка, не ли ќе го прекори за невнимателност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сите години бев во грч, во исчекување да се случи најлошото.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Бидејќи Едо не знаеше ни што да рече ни што да праша, остана во исчекување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сите беа во исчекување.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Секој ден им станува век во исчекување на најлошото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Каде си да заиграм по тебе оти ти и зората сте две виолини во исчекување.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Потоа почна да зборува за нејзиниот брат и како тој учествувал во некој натпревар, но на Ѓорѓија тешко му одеше сфаќањето на овој дел, бидејќи таа многу се смееше и го погледнуваше во исчекување на некаква реакција, а покрај тоа говореше брзо и неартикулирано.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А откако ќе битад готови, кога ни една единствена сликичка нема да недостига, вели мајка ми, интересот завршува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми вели дека албумите се интересни само додека не се комплетно полни и дека во тоа е задоволството, во исчекување да се наполнат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа само бев во исчекување што следно ќе се случи, иако видов доволно, а можеби и премногу.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)