во (предл.) - исчекување (имн.)

Потоа, во исчекување да му биде предадено одликувањето, несвесно ја поттури главата нанапред, спрема Мурада, а кога и тоа го направи, односно откако Мурад му го обеси одликувањето, ја исправи главата и изговори: Алах да му ја умножи славата и удопствата на Прагот на среќата и лично вам, наш високославен султану.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ех!... Така во молитви и во исчекување да се врати дедо и тате, кои ги испратија сургун, поминуваше времето во нашата куќа, ама не и во селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Туркање во кујната на неколку протагонисти во исчекување нешто да се случи имаме во Kitchen, каде Еди Сеџвик кива во текот на целиот филм.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Беше во исчекување. Во умот непрестано му се вртеше сликата што пред малку ја виде.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Трепереа сите ѕвезди... трепереа селаните. Сите беа во исчекување... се ближи времето... три дена пред тоа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Можам да излезам во некој клуб или да одам на работа, но наместо тоа решавам да останам сам за подобро да можам да се концентрирам на белешкиве, испишувајќи го патот на моето хероинско искуство од 10 фунти (некаде околу осмина грам).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Целите сте возбудени, пуштате гласна музика, правите вистинско шоу бирајќи што ќе носите, едноставно правите голема фрка околу ништо.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
19.40 Ѕвончето! Срцето почнува да ми чука во исчекување, дланките ми се потат, се тресам додека ја отворам вратата и го преземам пакетчето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не можете да престанете да се кикотите, стомакот ви трепери од возбуденост и целите сте во исчекување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Така се реализира едно од главните барања на романескната уметност: да се одржи читателот во исчекување, во сомневање, во неизвесност кои на крајот ќе бидат завршени.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Остануваше таа во ноќите сама, ја потпевнуваше старата таткова полифона песна, во исчекување на вториот, татковиот глас, гласо­ви­те на своите синови...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Цело време тој беше во исчекување таа да се сврти, но тоа не се случи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И дека задоволството, како што ви расправав веќе, лежи во одлагањето, во исчекувањето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Попот се тетеравеше кон вратата, се спровираше меѓу деца и глуви баби, најмногу такви до кои стасуваат сите селски настани, и пребрзо, во исчекување на нешто ново, испаруваат од сеќавањето; во тишината само тие, како што рековме глуви, не го слушаа попот кога рече дека утре и тој ќе купи револвер, чешки колтови се продаваат под рака, па нека го чекаат пак подло и недостојно во заседа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Попусто Онисифор Проказник се обидувал да ги натера да појдат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога се завртел ја видел како стои со спуштени раце, чиниш е во исчекување да се врати и да ја поведе со себе кон заедничка неизвесност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стоеле неподвижни и во исчекување нешто друго да го разбуди времето во нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дишеше шумно низ нос, не во исчекување да станам и да го доведам до местото за кое беше уверен дека го знам, дека привремено е моја тајна, туку во занес на човек од кого ништо не може да се сокрие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Онисифор со обетка на увото не е далеку.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оние двајца уште стоеле во исчекување. Таа веќе чекорела кон конакот со три одаи и со покриен чардак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се насмевнала со ноздри итречки и повеќе за себе, кришум. Сенките под нејзините очи се распливнале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се исправил тресејќи се со склопени очи за да не ја гледа белината на нејзините коленици и пошол нишајќи се кон покопот на најстариот од дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога ја изгуби смислата за време и простор, тој се тргна од сонот, извидницата на белата смрт и заечи. Наеднаш: - Богдане! Ги отвори очите во исчекување.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од гостите никој ништо не забележуваше. Или ракијата ги чинеше кусогледи или во исчекување молчеа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се здрви, во исчекување, не ли ќе заофка, не ли ќе го прекори за невнимателност.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сите беа во исчекување.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)