во (предл.) - кавга (имн.)

Не се замеша во кавгата, но затоа ги викна брата и и Јована да ја остават кавгата и да си влезат во училиштето, бидејќи ѕвончето удри.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога јас би бил во ситуација да бирам страна, што би рекол еден мој пријател книжевник, „Во нашата книжевна средина мора да избереш страна инаку ќе те нема!“, јас би ја избрал страната на Андриќ затоа што тивкоста, бавноста и шепотот, секогаш помагаат во кавгата да се вклучат оние што би требало да ја водат, оние чии оценки за тоа кој каков писател е, се најрелевантни, а тоа се читателите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Вие со ним во кавга сте од време.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Просто немаше кога, а не дека нашите семејства биле во кавга.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таму селаните од тоа Ливаѓе биле во кавга со селаните од соседното планинско село Брезница поради шумата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зашто тогаш, со години, Брезница беше во кавга со Ливаѓе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А ќе биде нејзин ред да биде во кавга со мажот ѝ... дека е најприродно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дури и да завлезеа понекогаш во некоја расправија што би можела да се претвори во кавга, почитта што Бојан ја чувствуваше кон возраста на Кирил, го задржуваше од натамошни расправии, го присилуваше да се согласи со него, да попушти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Којзнае колку ноќи пробдеавме фатени така во кавга?!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во кавгите се замешуваа и селаните и ги смируваа: „Не терај инает, Профиме...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Токму таа избувливост се доловува со двојната фокусираност кон мајката и ќерката во сцените од Милдред Пирс и Најмила мамичке. ‌Силината на тие сцени може делумно да му се припише на начинот на кој го повикуваат гледачот да се идентификува со секој од ликовите, на начинот на кој повикуваат на истовремено емоционално соживување со бунтовното дете и со огорчената мајка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секоја сцена ја искушува публиката да ги заземе обете страни во кавгата што ја прикажува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ти низ крв срамна премина, во кавга браќа остави и вик над Пирин ајдушки од ропска земја не слушаш.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Влегував и во кавгата како и во сите оние други нешта што ни ги наметнува во животот нашата нарав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)