во (предл.) - каталог (имн.)

Peter Krieger ЕКСПРЕСИОНИЗМОТ - ПОЧЕТОК НА МОДЕРНАТА ВО ГЕРМАНИЈА (краток преглед на дејствувањето на групата „Brücke”) Зборот ‘експресионизам’ како поим на стил во Германија прв пат е употребен 1911 година во каталогот на берлинската сецесија за еден прилог за француски уметници од Матис до Пикасо, а почнувајќи од Херварт Валден, покривајќи ја целокупноста на сите модерни струења.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ние тогаш велевме дека ќе дојде денот кога пролетерите од сите земји ќе се соединат и сите во светот ќе имаат облека и предмети какви што имаше само во каталогот на Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во каталогот на неодамнешната изложба Manifesta во Ротердам каде­што Кулик го играше кучето на Павлов, добиваме некои одговори на тие дилеми во форма на програмски текст за Куликовата уметност, напишан од неговата соработничка Мила Бредихина.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој воведен текст во каталог кој обележува педесетгодишнина на едно друштво сметаме дека токму е симбол за дното што го допреа повеќето институции од дејноста на културата, и како тотална демистификација на немалата моќ која 50 години циркулира низ тие страотни стаорски канали ослободени од било каква светлина во форма на суд, компетенција, критичка валоризација, честопати и елементарна интелигенција.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но беше крајно љубопитен да ја дознае причината зошто Мајка не ги раздвоила овие знамиња од животот, носени низ балканскиот егзил заедно со Татковите книги. – По нашето патување во Италија, во каталогот на Ла Ринашенте, го чував италијанското знаменце што стоеше пред нас на вечерата кај грофот Чано...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)