во (предл.) - комодитет (имн.)

Која ли страна тие ја одбраа – на законот, а против Правдата; или на Правдата, а против законот?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој го наследи претходникот, кариерниот амбасадор Жан Бресон, кој говореше арапски и беше еден од добрите познавачи на поширокиот регион, за разлика од ризичниот динамизам на Ерик Руло, повеќе затскриен во комодитетот на дипломатскиот конформизам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мораше да го напушти Тунис, но Митеран не се откажа од неговите дипломатски услуги, го именува за итинеререн амбасадор во Иран, подоцна во Турција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овие припадници на богатата класа уживаат во комодитетот на своите удопства, привилегии и имунитети – кои им ги носи професијата, земајќи редовна плата од над 1.200 ЕУР месечно, додека мнозинството македонски работници само може да сонува плата и од 120 ЕУР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А токму поради еродираниот морален хабитус на медиокритетскиот и малодушен феномен наречен „македонски судии“, насушно е потребно, добро и правично [bona et aequi], да се регулира 308 оваа „сива зона“ – со цел економски помоќната страна да не ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот на труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)