во (предл.) - комунизам (имн.)

А врз него делувале четири демони и тоа: сомнежот, вербата, рационалноста и религијата... а неговата верба во комунизмот се јавила како резултат на заспаноста на сомнежот и рационалноста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А јас му велам: - Ти, Лазо, и сите кои го имаат твојот ум и разум и во комунизмот ќе си бидете пак сиромаси, голомешковци и парталковци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во комунизмот лебот беше евтин, а јадењето гомна беше прескапо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Само нашето верување во комунизмот е без илузија! – рече задоволно А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ударнички, онака како што, по кажувања, се работело на доброволни работни акции во комунизмот (и на работа во капитализмот), имав сила и невидена упорност на која би ми позавидел и најголемиот ’рвач, Зума.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И јас бев против комунизмот зашто во комунизмот на власт беа едни арамолепци, едни недоквакани, ем ништо не правеле, повеќе лошо одошто добро, ем се топорат како волот дома да ми го дотерале.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како да дише без никој тоа да го знае, дури ни таа самата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во дневната на изнајмениот стан на Л.А. стои црно пијано, Petroff: - Човекот бил некој локален функционер во комунизмот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во исто време, без збор или разменет поглед, тргнаа кон вратата за да ја напуштат зградата којашто во комунизмот беше дом на армијата, а сега беше пренамената во Куќа на братствотo на патриотската гарда.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Зошто во комунизмот собиравме лименки од кока-кола? Искрено, појма немам.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Од таа гледна точка, новата народна уметност по ништо не се разликува од култот кон народната уметност во комунизмот, кога се правеше истото, само што наместо за мобилен телефон се пееше за тракторот како врвно ново божество на рекордерството и ударништвото, па на новоредените женски деца им се даваа и „адекватни“ имиња – Тракторка, на пример.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се уморив, превезувајќи луѓе во комунизмот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му беше мачно на идеалите од младоста, на храброста, кога се провлекуваше меѓу урнатините на отоманското царство и темелите на новата република Турција, низ балканските војни и окупацијата од француските сили на родниот крај за време Првата светска војна, за провлекувањето низ фашизмот и спасувањето во комунизмот, да им најде поширока историска и филозофска смисла во доцните години на животот кога требаше да го доврши конечно својот проект на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со години бев обземен од фактот зошто татковата книга Историјата на Балканот низ падот на империите остана незавршена!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Според овој втор мит, ограничувањето на личните и политичките права, хипертрофирањето на државната власт, нискиот животен стандард, требаа да се разберат и прифатат како нужен предуслов за преминувањето од капитализам во комунизам.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Па со кози и на орање не се оди, како што вели народот, а камоли во бескласното општество, во комунизмот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Претставникот на Централниот комитет, следен со бурен аплауз од присутните, се доближи до микрофонот, го поднамести според својата висина и започна: - Другари, ние чекориме во комунизмот, многу побрзо отколку што можеа некогаш тоа да го предвидат и нашите највидовити стратези.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Над широката работна маса, врз која беше послана зелена простирка од чоја, беа налепени нови пароли: Со Сталин во комунизмот!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)