во (предл.) - космос (имн.)

Кога денес размислувам, навистина сум убеден дека тогаш циркусот, покрај манастирот, беше едниственото место каде не важеа законите на околниот свет; тоа беше држава во држава, нација во нација, свет во свет, космос во космос; мало небо во големо небо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
НАШЕТО ОПРЕСИВНО ПРАВО СТАКНАТО СО РАЃАЊЕТО: ПОЛИТИКА НА БУКВАЛНОСТА Етимолошката разлика помеѓу грчките и романските (римски) термини мошне е важна во праксата на културите каде што овие термини се употребуваат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Мојата намера е“, вели Burroughs, „да пишувам за времињата на летови во космосот“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Потфатот час ми е на дофат, час бескрајно ми е далеку; кога чинам елементите се спојуваат, тие пак продолжуваат независно да живеат како телата во космосот...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ние го ослободуваме терминот, симнувајќи му ги ропските пранги, за да претставува еден самопоетичен, кон себе насочен систем на организација, кој настанува во космосот во разновидни по величина системи. Во луѓето, општествата, атомите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Добро е, во космосот сепак има некаков ред време дур ѓубрето се трупа, и време кога тоа треба да се собере.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Множење со нула Не ме фаќа место, не сум овде во оваа одломка престорена во космос блудам и во отсутност преминувам « тегоба во тегоба » сѐ додека зборот не исчезне и тој ли осуетен, сетен анаграм сѐ додека повторно не се овоплоти - помалку алегорично, повеќе пародично - и не нѐ потсети дека меѓу двата света освен двата постои некој трет за некој друг не за нас за минус еден за минус два за минус сѐ додека не остане и не стане сѐ прааззззннноооо ОО 00 оо
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Одненадеж слушнало силни удари во својот корен, човекот со чекан удирал силно, кршејќи ја карпата на ситни парчиња, ситни како песок, прашинки што испарувале од жештината на сонцето, враќајќи се назад во космосот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)