во (предл.) - костур (имн.)

Сликовито ѝ опишал како чадорот се претвора во мрша и како кондурите со метаморфоза се претвораат во костури на лице, потоа во ракови, полипи и „гримасирачки работи“, што ги гледал со крајот на окото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Едно време почнавме да ја пееме „Кинисав да јодам во Костур на гости“ од што се прекина долгата и често бескрајна нишка на трпението на дедо ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тоа секоја буква од чудното сочинение што го донесе Филозофот лелекаше, врескаше и плачеше, како жив човек да е; и силен мирис на месо печено почна да кади низ воздухот на шумата, и мирис на коски изгорени, чадот и мирисот незнабожечки, хула ужасна, мирис на месо човеково печено дур до небо се креваше; и одеднаш, сите дванаесетмина видовме глетка ужасна, страшна: тврдите слова на едно место во огнот се збраа, па се распоредија во костур човечки, и станаа коски; а меките гласови во месо се престорија и во огнот од сите букви се сотвори човек што гори; косата му гореше, телото му гореше, коските и месото му гореа, и тој врескаше, лелекаше, и се обидуваше да излезе од пламената стихија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се оттргнуваше од таа занесеност кога до неа допираа, како далечно шепотење, зборовите на дедо: - И кога дојдов до претсело, враќајќи се од пазар во Костур, каде за секого купив подароци, тогаш истрча тоа пусто куче на Нановци и гав од тука, гав од ваму, јас брани се со стапот, ама тоа а да ме касни, а да се фрли врз мене, пат не дава да поминам и јас, видов не видов, му го фрлив фустанот што го имав купено за Циљка и така си дојдов дома жив и здрав и вас ве најдов уште поздрави...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го измести газот поудобно да му улегне на голата земја во окопот пред земјанката каде што седеа, ја положи пушката во скутот и туку ја рече „Кинисав да одам во Костур на гости...“
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)