во (предл.) - котел (имн.)

Тестото, кога ќе биде готово, се собира во платеноно цедило и кога ќе проврие водата, се спушта во котелот, но така што да не го допира дното, односно со конопен конец се врзува за рачката на котелот или за камушките и се остава цела ноќ да врие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Рано утрото заедно со цедилото се вади од котелот, добро се истрива со дланките, се направува грутчиња, грутчиња, и пак заедно со цедилото, и потпржен со повеќе сало, се враќа во котелот, за да продолжи да се вари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Има два вида бакрданик, варен и вртен. Варениот се припрема на брза рака; откако ќе зоврие водата во котелот, во која пред тоа има турено сол и неколку дрвени лајци сало, полека се сипа царевно брашно и со сукало постојано се врти, затоа и се вика вртен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гоце почна да чита: „Драги брате Гоце, насекаде како во котел врие!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце зеде перо и мастило, скина еден лист од тетратката и одговори: „Брате Пере, За “жетвата“ треба да размислиме, да не ја оплескаме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Запали оган да стопли вода во котел, па во дрвените корита со вруќа вода и пепел, кога почна да пере таа сиротица...цел ден.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Час разгледуваше наоколу, час погледнуваше во Србина кој чекаше целиот стуткан како да ќе го стават во котел.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се влечкаа купишта камења, по два, по три, се спуштаа долу во котелот, преку макарата, а Вангел од Пустенец ѕидаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Небудноста и неспособноста особено ги изненадиле дипломатските претставници и воопшто странците коишто знаеле дека цела Македонија врие како во котел, и како сурово се пресметнувале органите на власта со македонските селани, затоа што овие му припаѓале на револуционерното движење, а најчесто само затоа што властите се сомневале во тоа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Телото првин го измија од земјата со водата донесена во котле, потоа го легнаа во приготвениот дрвен сандак искован од груби штици, и сандакот го заковаа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Поарно ти е в котел да си пикнат Во страшен крик гревовите да рикнат Ако моќ пак имаш тоа да го спречиш Вели – стори нешто, нешто речи Ак и тоа сметаш залудно го чиниш Малку ќе се сите вистини Осмели се прашај какво значење се скрило Дал тоа јаве ќе е ил само си сонил Кој се тие доволни Три Света И зошто за нив приказни се плетат? (Тоа е чуената земјина поделба
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Сѐ што било кадро да застане на нозе влечело однегде и делкало со секири и со тесли бигор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Под строго надгледување на игуменијата Минадора, под блесокот на нејзините многупати исплакани очи во тие црни и злодобни дни, неколку сури старици меселе големи погачи и готвеле за луѓето танки чорби во котлиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Петка Римјанка... фрлена во котел со масло и катран, избега Параскева од лошо, но Антониј Пиј ослепе по молба на Параскева прогледа, па остави Христијаните ги остави да не ги гони...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Гаснеме вар во дупки, во котли, во корита, во копанки и варосуваме сѐ: и собите и вратите и праговите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)