во (предл.) - криза (имн.)

Младиот режисер, заедно со својата театарска генерација, објавува бегство од театрите под државната капа затоа што таму слободата на творците е во криза, просто ја нема.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако ние театарџиите или сеирџиите, дојдеме до сознание дека театарот е во криза, тогаш што ни останува?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако кажеме дека одреден систем е во криза, според Морен, би требало да се ставиме во улога на чекачи затоа што системот делува во две насоки: да пропадне како систем или да изроди метасистем кој ќе успее да се справи со сите проблеми.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога велите “неблагодарен”, дали мислите на нешто слично на роднина кој постојано бара помош кога е во криза, но никогаш не е слободен кога вие од него барате помош, или на нешто сосем друго?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А знаеше дека сум во криза и дека ќе нема со што да платам ќирија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но уметноста којашто еднаш рефлектирала и пасивно претставувала апстрактни конвенции и примероци на знаење, сега активно и дословно претставува отелотворување на психичките рани, урбаната лудница и милитаризираната свест во кризата на јадрото на крајната култура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Западните општества и нивните највлијателни естетски производи продол­жуваат да го развиваат епистемолошкиот етос на деструкцијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Во вашите кратки јавувања во врска со актуелните настани во Македонија, како реакции на информациите во европските медиуми, вие истакнувате дека по утринскиот фељтон во медиумите, посветен на сите зла кои им се припишуваат на кравите, свињите, овците (и на понекоја коза!), следат настаните за инцидентите на македонско-косовската граница, кои не се од посериозна природа, но кои можат да бидат вовед во криза со трагични последици за целиот регион.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Поимот синдром по дефиниција означува збир на симптоми на една болест.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Двете форми на морална регулација сега се во криза; ние веќе не им веруваме на гломазните институции кога ни велат што да правиме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Авторитетот на црк­ва­та, политичките партии, академските институции - очигледно паѓа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Навистина сме во криза, татко“, рече Злата, „ама ништо не ви рековме“ „Не треба да се рече, деца.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Знае Влатко дека и Геолошкиот институт е во криза.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таму имаме вработени некогашни родители, па ќе им речеме - Во криза сме, помогнете, билките да растат, да создаваат убава средина и за учениците, и за вработените.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)