во (предл.) - кристал (имн.)

Патничките, чиишто лица одвај се гледаа под бледата светлина на една светилка во дворот, останаа неподвижни сѐ додека жената со војнички изглед не им дозволи да се слезат со неколку едноставни наредби, како да им се обраќа на деца од градинка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Отсекогаш сакав да излетам како птица од клисура; сега живеам надвор во кристал.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Гладиоли во кристал, гладиоли на дланка, гладиоли за неа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ако во „Топкаписи“со секој чекор, од една во друга одаја, се очекува изненадување поради блесокот на драгоценостите и накитите, во европеизираниот дворец - сарај - „Долма Бахче“ фрапира раскошната архитектура од барокот на деветнаесеттиот век, кога сарајот е и граден, полн со едно достоинство, со еден тежок раскош во мебелите, каде што сè е во кристал и позлатено: од креветите на султанот и на првата султанова жена, па до оние столови во собата за ручање, каде што и денес е останато така како што било некогаш, кога во овие огромни простории живееле султаните...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сега, кога сликата е трансформирана во кристал, кога, да си признам, меѓу она што беше и она што замислувам дека било, сигурно постои не така безначајна разлика, моето уживање во буричкањето по минатото понекогаш е рамно на самото минато.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кога се разбуди веќе беше ноќ, а капките дожд беа претворени во кристалчиња од мраз.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)