во (предл.) - лак (имн.)

Како мост меѓу две пламенчиња, низ небото во лак мина ѕвезда.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Погледот на Отец Симеон прелета во лак од прореденото теме на докторот до мирното лице на Ивана. „Ми рекоа дека сум напаѓал луѓе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Утредента дојде кај него и донесе во своите коси свеж ден и влага на облак и уште нешто: насмевнатост во лаковите на ноздрите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Поточно, нивното здружено претчувство го окотило плашилото: рог во лак свиен на гуштерска глава, под тој рог две пакосни очиња, две жарки, студени и шашливи за да видат сè пред себе, под себе и зад себе заради тоа, доколку патувале по мрак и магла, се грбавеле и никој не сакал да биде последен во редот, без заштита зад грбот, и биле неми и сепак отворени за секој непознат шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Продолжил со здрвени нозе потешко отколку што можело да се замисли.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некако го симнал од себе тагарџикот со леб и во лак ја подал раката кон грбот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чудовиштето пребрзо го извлекло опашот од просторите на наквечерината за да стане стопан на сѐ во мракот и со издолжена, од старост испукана или крастава ако не и лигава шија, да се наднесе над нив и да им го души тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во секој случај, јас, како што повеќе ја сфаќав суштината на црните луѓе, така некаде по градите, на некое многу чувствително место, почнав сèповеќе и повеќе да имам нешто како жилет што полека, како фатен меѓу два прста, се виткаше во лак.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И како да тргнува во тоа меко летање низ празнината, во тоа долго паѓање во длабочината, човекот се наведна со целото тело напнато во лак на вртоглавата празнина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Долу, на четвртиот кат, знаеше, крештаво закркоре радиото со прегорен електролид, живнаа и други шумови од дворот и низ отворените прозорци на куќата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Железата се засекоа до силна физичка болка и нивното остро присуство предизвика едно нагло враќање, отфрлање на телото назад, кон сигурноста на железата околу рацете. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 120
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)