во (предл.) - лингвистика (имн.)

Камилски имаше уште многу да каже за поимот аир, имаше многу белешки пред него, но, сепак, реши да го заклучи своето излагање со уште една изведенка од зборот: Во балканските јазици е мошне често употребувана изведенката аирлија со значење со среќа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој, како и Татко, автодидакт во лингвистиката, по свој пат доаѓаа до сознанието од науката за постоењето на балканскиот лингвистички сојуз, до кој не беше дојдено со некаква присила или мировен договор, туку според логиката на долготрајниот соживот на балканските народи со различни јазици, вери, националности, обичаи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Американецот Вилијам Бароуз, неговиот земјак Томас Пинчон и ирецот Џемс Џојс се алхемичарите кои ја применија квантната динамика и теоријата на хаос во лингвистиката.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Американецот Вилијам Бароуз, неговиот земјак Томас Пинчон и Ирецот Џемс Џојс се алхемичарите кои ја применија квантната динамика и теоријата на хаос во лингвистиката.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не само што за физиката се распадна на делчиња, туку и за биологијата, на пр. во гени, и во невро­физиологијата во на точки слични дразби и во лингвистиката на феномени и во етнологијата на културни теми или во психологијата на актоми.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)