во (предл.) - мантија (имн.)

Попот со сета тежина легна врз марко, го притисна тежок, задуван, јадосан навреден, без клепки над очите во мантија избледена од сонце на рамениците, го потера кон оној ќош на кој, пред тоа, виде пајажина со исмукани муви на нишките.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Зошто брада? Јас и во мантија не личев на поп.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само лази брадеста и во мантија кон туѓи постели.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пред почнувањето на борбите додека побратимите му помагале да го избрише со крпа мотоциклот од прав и црно масло, попот ги помолил да ја чуваат неговата торба со историски записи а за ежот ќе се погрижи самиот: ќе загине Доситеј, ќе остане Армодиј Давидовски да го спасува светот од змии и глувци и да тагува по својот набожен доброчинител.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но ни волшебната вратика не можела да ги воскресне од земја луѓето на минатото, ни крваригата, ни синчецот, ни боцкавото магарешко цвеќе. Ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можел да загризе и во врат на ѕвер. И сепак ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Оној што го соблекол кога го тепал ќе знае каква дупка затнал со неговата мантија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Грк, Елин во мантија“, рече Никифор Ганевски. „Се налутил, запалил куќа.“ „Поп, значи, а? И улав.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ти си во мантија, со сомневање погледнал во човекот со креста на глава Илчо Просинек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И им го раскажал крајот на настаните од времето на Проказниковата дружина: ако преживее, ќе испече брав и ќе ја прослави победата, потоа ќе седне во манастирска ќелија и, одржувајќи го животот со танко, селско винце, ќе ја доиспише историјата од онаа илјада осумстотини триесет и петта година: како со децении да собирал искинати и расфрлени парчиња од писмо, некако сепак го дознал крајот на настанот по смртта на Лозан Перуника што се простил од писмениот човек во мантија во времето на Балканските војни ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
4 Тој поп, тој долгман во мантија Доситеј Давидовски!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се смилостивил калуѓерот и го качил пет-пари-човечето на својата магарица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Капарот што ни го пратија не беше голем.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога на султанот му стасале на сто златни тепсии сто востанички глави добро заштитени со сол како подарок од пашата Лобуд и како крвав абер за најновата победа на Отоманијата, калуѓерот свечено го вовел улавиот во зафрлен манастир и со благослов го преоблекол во мантија, заедно да им служат на светците, да ги окопуваат лозјата и пченките и да ги пасат козите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ракија, збратимување, пак сомневања. Некои од дружината можеле да поскокаат и да го растргнат човекот со креста и во мантија под износениот кожув.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сите си играме со оган“, рече Онисифор Проказник. „Во Лесново изгоре куќа.“ „Турците. Тие, нели?“ праша Орлен Шумков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без објаснување во себе и за себе, темен и тромав, неприродно наведнат над живото петно во мантија, со претчувства барал да ја прочита вистината од челото на заспаниот, најпосле, навистина, куќата горела, некој пуштил од дланка пламната птица врз 'ржениот покрив, Гавруш Пребонд или попот Панделиј Каламарис, и тој станал бескуќник; спиел во тесниот дом на шурата Адам Лесновец, јадел негови компири, благословувал на софра со негово вино и осамен бил: не му треба жена, топло месо под ленена кошула и подвижни мали дињи под кожата на градите, му треба мајка на двете негови деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)