во (предл.) - меѓа (имн.)

Сонував како се кријам да не одам на училиште и тамам да се пикнам во меѓата под манастирот кога, како од земја да никна Петре Даскалот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога не ќе драбаше по калиштата на каналот, тепајки гуштери и жаби со нескриено задоволство, кога не ќе дебнеше полузаспани змии, кои, држејќи ги за опашка, или ги треснуваше од некое дрво, или ги вртеше врз својата глава и зашеметени, ги фрлаше далеку во меѓите, тогаш секако се плискаше во плиткото на реката, а богами, без никаков страв, загазуваше и во подлабоки места.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тука се, дедо Костадине, ене ги долу во меѓата, Риса го варди од забите на Трондафила!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)