во (предл.) - напад (имн.)

Така, Шафрази кажува во едно интервју: „Сакав уметноста наполно да ја осовременам, да ја извлечам од историјата на уметноста и да и дадам живот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
“ А еден германски студент кој во 1982 година толку силно се исплашил од сликата „Кој се плаши од црвено, жолто и сино IV“ (1966-67) на Branett Newman во Националната галерија во Берлин, што во напад на бес ја удрил со тупаница, ја клоцнал и најпосле ја исплукал, подоцна тврдејќи дека самиот Њуман, кога би бил жив, во извесна смисла би го делел неговото мислење: „Чувствувам дека сега, за првпат, сликата е навистина комплетна по она што и го направив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од север, по долот „Света Петка", и од југ, преку „Пупулеги" и „Шопово трло", аскерот го стегна обрачот и напна нагоре да накачува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но бимбашијата дотрча и бргу ги дигна во напад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во радиограмата тој посебно ќе истакне: “најпосле преминуваме во напад“.191 Меѓутоа, во овој период основниот проблем ќе се појави со опремувањето на големиот број нови борци кои почнале да пристигнуваат во единиците на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Камили, слонови, крстосници во напад!... Колеж на коњица!... Сите варвари во бегство!... Навистина прекрасно...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
-Е па Фердинанд! ... Секогаш во напад? Секогаш забрзан?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Твојата девојка преоѓа во напад.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А потем тој помина, така да кажам, во напад и го напиша оној есеј со којшто си ја запечати судбината.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Друг генерал, член на највисоката команда, кој одморен, наспиен и сит на коњ стигна преку југословенска територија, наредил без одлагање да се оди во напад.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тргнаа во напад, се давеа во замрзнатите води на воденската река и гинеа во минските полиња и пред пушкарниците на однапред подготвените бункери.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Те сум во напад, те во одбрана.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тогаш конечно реши да тргне во напад.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И старата црква почиваше во мир и благодет, под закрила на обезбедувањето „КОБРА“ чиј натпис, на главната порта, беше дополнет со цртеж на змија во напад.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Коњот тогаш навистина се џапнал со пропнување и, во напад со предните копита, се истргнал од олабавената рака на својот водач.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Неуверливо, без докази, без ништо што би го поддржало освен ужасот од она што му го кажа О'Брајан, тој се врати во напад.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Влегувавме во воените подморници, го посетивме меморијалниот центар Аризона каде се врежани имињата на илјадници американски војници кои загинале во нападот на Перл Харбор од Јапонците во декемри 1941 година.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не оти јас ќе одам да освојувам ридови? Не оти ќе одам во напад?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сега велат дека утре ќе тргнеме во напад. И така секој ден.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Морам да прекинам. Пискливиот глас на водникот ја пара утринската тишина. Одиме во напад...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не вратија на појдовната позиција, ги пополнија водовите и утредента, во зорите, по артилериската подготовка, тргнавме во напад.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се плашам од него. Би можел, во напад на лудило, да ме застрела.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во текот на денот противникот двапати тргна во напад. Цел ден сѐ до квечерината се бранеше Горуша.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сѐ уште густиот чад висеше ниско, кога во напад тргнаа осум дивизии, повеќе независни баталјони, тенкови и борни коли.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Противникот со нови сили, во бранови тргна во напад.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По дваесетминутна артилериска подготовка, противникот, прегрупиран, тргна во напад.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред шест дена тие тргнаа во напад бодри, сигурни, најадени и напиени и додека не стигнаа на дофат на куршумот, се корнеа од смеа, раскажувајќи си шеги на сметка на грчките бандити и славомакедонските комунистички банди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наредниот ден, по авионското бомбардирање и артилериската подготовка, како на вежба, баталјоните тргнаа во напад.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Морам да прекинам, бидејќи водникот нареди да тргнеме во напад...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Додека грмежот се уште се растура во клисурите и чадот уште не паднат, во напад тргнува пешадијата. Така до квечерината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одвај ќе зливнеш, ќе ти долета авион, ќе ти ги растараши и рововите и бункерите и ајде поправај ги додека непријателот не тргна во напад.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Станувај. Одиме горе. Ќе се прегрупираат и ќе тргнат во напад. Станувај...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Инаку, и тој член на бандата, и, се разбира, и тој учествуваше во нападот на „куќата на вештерката“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)