во (предл.) - неизвесност (имн.)

- Срцка, кажи драгичка! - Ма дај, не ме држи во неизвесност. Кажи ми!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знам дали да му кажам или уште малку да го држам во неизвесност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада како да ги прочита загрижувачките мисли на Светлана не сакаше да ја држи веќе во неизвесноста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со денови овие тежини ги ставаше на кантар. Живееше во неизвесност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така се реализира едно од главните барања на романескната уметност: да се одржи читателот во исчекување, во сомневање, во неизвесност кои на крајот ќе бидат завршени.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не беа единствените. Живееја во неизвесност.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Треба да се побегне од сето ова, од самиот себе, од сивите загрижени лица на минувачите, да се распливне човек и како смрт да биде неспособен да открие во човечките очи заклани соништа, да се распливне и да отпатува во неизвесност како облак во безоблик за да не гледа мртви птици во туѓи очи, за да не слуша крик во пресечени грла. И туѓи песни крик - Марлен, Марлен, Марлен!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А што? . . . – победоносно ме погледна како девојчето што некогаш ме држеше во неизвесност пред крајот на приказната. – Лузна. Белузникава, долга лузна.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Си го брецаа умот луѓето не знаејќи што да заправат; да останат или да се отселат; ако се отселат, каде ќе одат, каде ќе закуќуваат куќа, од што ќе живеат; ако останат: ќе ги врват деновите во неизвесност, во страв...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Секој ден е... - Знам, докторе, дека секој ден е голем и скапоцен, особено кога треба да се напушти овој свет, но врвејќи го животот во неизвесност - сите денови ми беа како последни...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)