во (предл.) - окоп (имн.)

Тоа им ја зголеми желбата на противниците, та овие често одеа да ги прибираат овие предмети и да протутнат по некој навистина крвав ден, сите во окопите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откако уште првиот пат, сето јаделиште што го донесоа го разделија, најправедно што можеа без да прават разлика помеѓу војник и офицер, додека седеа стуткани еден до друг во окопот на земја, им се приближи она едно Илија од Русе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе се отвори работата, си рекоа братучедите и се вратија на фронтот, во окопите. Во окопите секој ден беше тоа - па -тоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Војската јуриша на Бугарите со Шишмана напред, но не со пушки туку по кошули, со ракавите запрегнати и со писалки в раце. Јурнуваат во окопите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Најзадоволни беа кога ќе се најдеа во окопите кога не можеа да се надогледаат на ридот спроти нив зад кој се наоѓаше нивната Брезница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе земе војничето една свеќа, ќе ја запали во окопата, ќе земе две-три матерки ракија, и ќе не почести.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А така момчета, вели и појди кај едни, појди кај други, не куражи и благодарја ви на учението, ни вели и ние: покорно благодарим, ќе му одречеме, а шумата свети, мислиш сонцето заборавило да зајде, да се тргне од неа, а сонце нема, небото на твоите рамена се потпира и тука учевме сѐ што си има една држава за да напаѓа и војната си тера и првин се бориме со Грците и со Англичаните и дење-ноќе во окопи, со цела спрема и не смееш да заспиеш, оти ако те најдат заспан, ќе те врзат на сонце, ако е сонце, ако не е дожд, и така ќе скапуваш, 123
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе седнам во окопата и ќе си речам во умот: еј, Јоне, Јоне ејди главо главино, стравот ти го стегнал газот, а ти ги опулил само очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се враќаме долу, во окопите... Газпрекуглава се враќаме и се пикаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Свеќите горат во окопата. И пламенчето го зачекуваме со дланките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами од кај дојде, Јоне, му велам јас на мажот, како дозна дека надотекла вода во гумново, му велам, во сонот: - Така дознав, ми вели тој, како што спиев во окопот ми се кажа и дотрчав, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште црцори, ме намовнува и јас од стравот ја кревам и ја фрлам назад. Во окопата нивна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ќе те дупат муви и горештината и ќе скапуваш, да не можеш да се мрднеш, и во Серес им ги турнавме куќите за да правиме окопи, и земјата е секаде празна, народот бега, а окопите ни беа покрај пругата, оти полето беше под вода, а почна и маларија, трески големи и секое утро врви човек и ти дава кинин во окопите и ние го пиеме ко ракија, а горчи, леле мајко и ти даваат некој пченкарен леб, може човек да отепаш со лебот и некогаш ќе сварат грав, ама грав нема, само неколку зрна се бркаат во казанот, и не можат да се сретнат, да се видат
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се помрднуваш ко кртица во окопот и опчудено погледнуваш напред, којзнае каде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)